Безбедност на интернет
Заштитете ја вашата безжична мрежа
Сите овие чекори за заштита на веб-сообраќајот од надзор и цензура се важни, но тие не се замена за основната мрежна безбедност во парламентот и во домот. Не заборавајте ги основите, како користење силна лозинка (не стандардната лозинка) на рутер(-ите) на вашата безжична мрежа (Wi-Fi), со што ќе се осигурите дека само овластени корисници имаат пристап до вашата мрежа со често менување на лозинката и овозможување на вграден заштитен ѕид (firewall) на вашите безжични рутери. Размислете и за креирање мрежа за гости во просториите на парламентот доколку имате посетители кои користат интернет и кои влегуваат и излегуваат од зградата.
- Спроведувајте редовна обука за членовите и вработените за важноста од следењето на основните мерки за безбедност на веб.
- Потсетете ги вработените секогаш да пребаруваат на интернет со ХТТПС и шифриран ДНС.
- Барајте од вработените редовно да ги рестартираат своите веб-пребарувачи за да се инсталираат ажурирања.
- Поттикнете ја употребата на веб-пребарувачи и наставки за заштита на приватноста.
- Ако е соодветно да користите ВПН, изберете таква мрежа од реномиран давател, обучете ги вработените за нејзина употреба и погрижете се доследно да се користи.
- Креирајте и дистрибуирајте јасна парламентарна политика за користење на социјалните медиуми.
- Овозможете ги поставките за приватност и безбедност на сите сметки на социјалните медиуми.
- Разберете го влијанието од вознемирувањето на интернет и бидете подготвени да ги поддржите членовите и вработените што се засегнати.
- Направете список на локални професионалци, организации и агенции за спроведување на законот со кои можете да ги поврзете членовите и вработените за правна помош, помош со менталното здравје и техничка помош како одговор на вознемирувањето на интернет.
- Регистрирајте се за заштита од оневозможување на услугата (DDoS) на вашите веб-страници.
- Користете доверлив, сигурен давател на услуги за веб-хостирање.
- Користете силна лозинка и мрежа за гости за безжичната мрежа во вашите простории.