Кои сме ние?
Националниот демократски институт за меѓународни работи (НДИ) е непрофитна, непартиска организација, со седиште во Вашингтон, којашто работи во партнерство насекаде низ светот за зајакнување и заштита на демократските институции, процеси, норми и вредности за да обезбеди подобар квалитет на животот за сите. НДИ верува дека сите луѓе имаат право да живеат во свет во кој се почитуваат нивното достоинство, безбедност и политички права – и дека дигиталниот свет не е исклучок.
Во рамките на НДИ постои тим за демократија и технологија кој се обидува да поттикне глобален дигитален екосистем во кој демократските вредности се заштитени, промовирани и може да напредуваат; владите се потранспарентни и поинклузивни, а сите граѓани имаат моќ да бараат отчет од нивната влада. Ние работиме на ова преку обезбедување поддршка на глобална мрежа на активисти посветени на дигиталната отпорност и преку соработка со партнери за креирање алатки и ресурси како овој прирачник. Можете да дознаете повеќе за нашата работа на нашата веб-страница, ако нѐ следите на Twitter или ако директно нѐ контактирате на [email protected]. Секогаш ни причинува задоволство да го слушнеме вашето мислење и да одговориме на прашањата за нашиот тим и за нашата работа посветена на кибернетската безбедност, технологијата и на демократијата.
Комисијата за демократско партнерство на Претставничкиот дом (ХДП) работи со законодавните власти од целиот свет на промовирање одговорна, ефективна влада и зајакнување на демократските институции. Од клучно значење за нашата работа е заемната соработка со цел да се изгради техничка експертиза во партнерските законодавни власти којашто ќе ги подобри отчетот, транспарентноста, независноста на законодавната власт, пристапот до информации и надзорот над владата. ХДП во моментов има партнерства со повеќе од 20 национални законодавни власти насекаде низ светот. Областите на соработка со партнерските парламенти на ХДП вклучуваат решавање буџетски прашања, обезбедување поефикасно работење на комисиите, подобрување на услугите за гласачите, обезбедување алатки за посилен надзор, зајакнување на законодавната етика, подобрување на информатичката технологија, библиотеките, истражувањата и законодавните процеси и процедури. Програмите на ХДП се спроведуваат од страна на Националниот демократски институт (НДИ) и Меѓународниот републикански институт (ИРИ) преку договор за соработка и финансирање со Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).
Автори и изрази на благодарност
Овој водич е изготвен од Националниот демократски институт (НДИ) и од Комисијата за демократско партнерство на Претставничкиот дом (ХДП).
Главен автор: Еван Самерс (НДИ)
Придружни автори: Сара Мултон (НДИ); Крис Дотен (НДИ)
За подготовката на овој прирачник би сакале особено да им се заблагодариме на нашите стручни надворешни рецензенти, кои ни помогнаа при уредувањето на текстот и ни дадоа значајни повратни информации и предлози, вклучувајќи ги: Фиона Кракенбургер, Фонд за отворена технологија; Бил Бадингтон и Ширин Мори, фондација Електронски граници; Џоселин Вулбрајт, Клаудфлер (Cloudflare); Мартин Шелтон, фондација Слобода на печатот; Дејв Лајхтмен, Мајкрософт; Стивен Бојс, Меѓународна фондација за изборни системи; Ејми Стадарт, Меѓународен републикански институт; Ема Холингсворт, Глобална сајбер алијанса; Каролајн Синдерс, Конвокејшн дизајн + Рисрч (Convocation Design + Research); Дита Катурани, Сандра Пепера, НДИ; Арон Азелтон, НДИ; Фрида Аренос, НДИ; Антони Деанџело, НДИ; Витни Фајфер, НДИ и Дерек Лујтен, Комисија за демократско партнерство на Претставничкиот дом. Исто така, би сакале да им се заблагодариме и на Пол Коли од Службата за законодавни информации во Либерија, Нихад Бахрам и Фуад Ахмед од Парламентот на Курдистан во Ирак, Диана Плата од Сенатот на Колумбија; Ајад Абас и Маџид Кхудур од Ирачкиот претставнички совет и на Тања Данаиловска од Собранието на Северна Македонија за нивните значајни согледувања и придонеси.
Исто така, сакаме да се заблагодариме за сите извонредни прирачници, водичи, работни книги, модули за обука и други материјали коишто се изготвени и одржувани од Заедницата за организациска безбедност (OrgSec). Овој прирачник е дизајниран како надополнување на тие подетални материјали, комбинирајќи ги клучните лекции на едно место како лесночитлив ресурс за парламентите што сакаат да воведат план за кибернетска безбедност.
Освен што имавме индиректна инспирација од многу прекрасни ресурси креирани од заедницата, во овој Прирачник директно копиравме и корисни формулации од неколку постојни ресурси, особено од Водичот за самоодбрана од надзор на
Фондацијата Електронски граници, Холистичкиот прирачник за безбедност на Тактикал тек (Tactical Tech) и различни лица кои ни ги објаснуваат работите од Центарот за демократија и технологија и Фондацијата Слобода на печатот. Можете да најдете конкретни цитати на овие ресурси во деловите подолу, како и комплетни врски, информации за авторите и за лиценците во Додаток A.