Безбедност на интернет
Одржување на вашите веб-страници на интернет
Покрај заштитата на вашата способност за безбеден пристап до интернет, исто така е важно да направите сè што можете за да осигурите дека и другите можат да пристапат до веб-страниците и други точки на присуство на интернет на вашиот парламент. За страниците на социјалните медиуми, ова значи заштита на тие сметки со силни, уникатни лозинки и автентикација со два фактора. За вашата веб-страница, ова значи заштита од хакирање и напади со оневозможување на услугата. Напади со дистрибуирано оневозможување на услугата (Distributed Denial of Service - DDoS) се кога голема група компјутери истовремено го преоптоваруваат вашиот сервер со злонамерен сообраќај. Неколку опции за заштита од DDoS – со кои на противникот ќе му биде многу потешко да ја сруши вашата веб-страница – се Cloudflare, AWS Shield на Amazon или услугата Deflect на eQualitie.
Безбедно хостирање на веб-страницата на вашиот парламент
Веб-страниците се хостирани на компјутери – и тие се ранливи на хакирање исто како и вашите сопствени уреди. Ако е можно, вашиот парламент треба да ги искористи постојните хостинг-услуги како Вордпрес (WordPress), Викс (Wix) или други кои за вас управуваат со целокупната безбедност на веб-страницата. Ако потребите на вашата веб-страница се посложени и/или треба сами да ја хостирате вашата веб-страница, тогаш не заборавајте да се фокусирате на ажурирање на вашиот оперативен систем и софтверот за веб-хостирање, исто како што би правеле со вашиот персонален компјутер. Размислете за користење на добро етаблирани даватели на услуги за хостирање во облак, како што се веб-услугите на Амазон (AWS), Мајкрософт азур (Microsoft Azure) или eclips.is на Гринхост, кои обезбедуваат подобрени безбедносни опции за хостирани веб-страници. Без оглед на тоа кои алатки ги користите за да ја хостирате вашата веб-страница, осигурете се дека сите сметки што се користат за пристап до поставките за уредување и конфигурација на содржината се заштитени со силни лозинки и автентикација со два фактора.
Ако вашиот парламент има лице со поголемо техничко знаење за хостирање на вашата веб-страница, треба да размислите за избор на таканаречена статичка веб-страница или едноставна веб-страница. За разлика од динамичните веб-страници, овие видови веб-страници ја намалуваат површината за напад на хакерите и ќе ја направат вашата веб-страница поотпорна на напади.