Теми

Градење култура на безбедност

Воспоставете план за обука

Откако ќе го направите и ќе се посветите на планот, размислете како ќе ги обучите сите членови, вработени и волонтери за новите најдобри практики. Барањето редовна обука – и задолжителното присуство на обуката – може да биде корисна тактика. Избегнувајте да создавате строги, негативни последици за вработените што имаат проблем со безбедносните концепти. Имајте предвид дека одредени вработени можат да се приспособат и да ја научат технологијата поинаку од другите врз основа на нивното ниво на познавање на дигиталните алатки и интернетот. Стравот од неуспех само дополнително ги обесхрабрува вработените да пријавуваат проблеми или да побараат помош. Меѓутоа, создавањето позитивна одговорност и награди за успешна обука и усвојување на политиките може да помогне да се поттикне подобрувањето на состојбата во рамките на парламентот. Може да најдете дополнителна вредна поддршка преку локални или меѓународни мрежи за обука за дигитална безбедност и бесплатни ресурси за обука, како апликацијата Umbrella од „Секјурити фрст“ (Security First), проектот Totem од „Фри прес анлимитед“ (Free Press Unlimited) и „Гринхост“ (Greenhost), како и Порталот за учење на Глобалната сајбер алијанса.

Размислете како вашиот план за обука може да допре до пратениците, парламентарната служба, како и до парламентарната администрација. Имајте предвид дека истакнатите членови често бараат уште повеќе обука и внимание кога станува збор за безбедноста поради нивниот висок профил. Погрижете се вашиот план за обука и план за безбедност да важат за сите овие различни видови поединци и за сите средства што тие може да ги имаат во парламентот и надвор од него.

Градење култура на безбедност

  • Закажете редовни дискусии и обука за безбедност и за вашиот план за безбедност.
  • Вклучете ги сите – распределете ја одговорноста за спроведување на вашиот план за безбедност во рамките на целиот парламент. 
  • Осигурете добри примери на лидерство, добро безбедносно однесување и посветеност на вашиот план.
  • Избегнувајте тактики на страв или казнување – наградете го подобрувањето и создадете комфорен простор за вработените да пријавуваат проблеми и да бараат помош.
  • Ажурирајте го вашиот план за безбедност еднаш годишно или по големи промени во парламентарната служба, структурата или работното опкружување.