Теми

Градење култура на безбедност

Обезбедете прифаќање на организациско ниво

Дел од успешната култура на безбедност, исто така, е да се обезбеди прифаќање на вашиот план за безбедност во рамките на парламентот. Од клучно значење е тоа да вклучува силна, гласна поддршка и насоки од лидерите, кои во многу случаи ќе ја донесат конечната одлука за издвојување време, ресурси и енергија за креирање и спроведување ефективен план за безбедност. Ако тие не го сфатат тоа сериозно, никој друг нема да го сфати. За да го постигнете ова прифаќање, внимателно размислете кога и како да го воведете вашиот план, направете го тоа на јасен начин, погрижете се раководството да ги зајакне пораките и секому објаснете му ги сите елементи и чекори од планот за да нема непознати работи или забуна во врска со тоа што се обидувате да постигнете. Исто така, погрижете се да обезбедите соодветен буџет за кибернетската безбедност во рамките на парламентот. Иако финансиските средства може да бидат ограничени, од суштинска важност е соодветно да се инвестира во кибернетската безбедност, во спротивно другите инвестиции, најверојатно, ќе бидат изложени на ризик. Кога зборувате за безбедност, избегнувајте тактики на заплашување. Понекогаш заканите со кои се соочуваат вашиот парламент и вработените може да бидат страшни, но обидете се да се фокусирате на споделување факти и да создадете мирен простор за прашања и работи што предизвикуваат загриженост. Правењето на опасностите да изгледаат премногу заканувачки може да доведе до тоа луѓето да ве сметаат за сензационалист или едноставно да се откажат мислејќи дека ништо од тоа што го прават не е важно – а тоа апсолутно не е точно.